Загреб и Софија ги претвораат најголемите сали во болници

loading...

Додека Хрватска и Бугарија очекуваат бројот на заразени со коронавирусот да се зголемува, беше одлучено најголемите концертно-спортски сали во Загреб и Софија да бидат претворени во привремени болници.

Загрепска „Арена“, изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, од денес се претвора во мобилна болница , во која ќе бидат сместени пациентите со полесни случаи на ковид-19, а војската во неа ќе постави 300 кревети.

– Доколку бројот на заразени лица почне нагло да расте, овој објект ќе послужи за да се растоварат болниците – изјави Павле Калиниќ, шеф на загрепската Канцеларија за управување со кризи.

Во Хрватска досега има 128 заразени од коронавирусот, додека едно лице почина.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук објави дека и „Арена Армеец“ во Софија ќе биде трансформирана во болница. Во Бугарија беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот пред една недела, а бројот на заразени надмина 130.


Translate »