На улиците на градовите од САД сцени како од хорор филмови!
Голем дел од САД е пуст поради пандемијата со коронавирусот. Баровите и рестораните се празни или речиси празни. Улиците не се целосно празни, како во вашите омилени филм или книга за нуклеарна зима, но изгледа дека се оди во таа насока. Контрастот меѓу хаосот од пред две недели и денес е неверојатен.
Ова е можеби само почеток. Повеќе држави почнале да им наредуваат на граѓаните да останат дома за да се намали можноста за зараза. Така, сцените од приложените видеа би можеле да бидат уште поосамени во текот на наредните недели.