ФОТО И ВИДЕО: ДВА ЗЕМЈОТРЕСА НАПРАВИЈА ХАОС ВО ЗАГРЕБ, ГРАЃАНИТЕ ГИ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ

Силен земјотрес руинираше голем дел од Загреб и северозападна Хрватска, јавуваат хрватските медиуми. Првиот се случил во 6:24 часот со 5,5 степени, а кратко потоа во 7:01 часот се случил и вториот потрес, со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала. „Афтершок“ се случил и нешто подоцна со јачина од 3,7 степени.

Загреб и околината во моментов ги бројат штетите, откако земјотресот придонесе за неколку оштетени објекти и автомобили.

Полицијата и брзата помош јавиле дека имале многу повици утринава. „Јутарњи“ пишува дека бил евакуиран и претседателот Зоран Милановиќ. Од министерството за внатрешни работи дадоа предупредување сите жители да ги напуштат објектите, и да се оддалечат од електрични кабли.

Најпогоден е самиот центар на Загреб – се сруши врвот на загребската катедрала, откорнати се фасади и уништени стотици автомобили.

Translate »