„Пакомак“ донираше 100 канти за отпад во Општина Кратово

Општина Кратово доби сто пластични канти за отпад и пет специјалзиирани садови за стаклена амбалажа, донација од „Пакомак“ ДОО Скопје.

– Водени од идејата дека секој има одговорност за зачувување на околината чиста и уредна, добивме донација од „Пакомак“ која е многу значајна за нашата општина. Во градот на пет релации се поставија садови за собирање на стаклен отпад пет пластичини зелени игло контејнери од 1,5 метри кубни, наменети за депонирање стаклени амбалажи од шишиња и тегли, а исто така добивме донација и 100 зелени пластични корпи за ѓубре и во наредниот период очекуваме да бидат поставени. Пластичните канти се со капацитет од 140 литри и се наменети за собирање  отпад од пакување за домаќинствата – информира градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Тој упати благодарност до компанијата „Пакомак“ за тоа што како специјализирано друштво за управување со отпад од пакување е и општествено одговорна компанија.

„Пакомак“ е непрофитна компанија која веќе една деценија работи на полето на управување со отпад од пакување во нашата држава и е првата компанија во РС  Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. 

Translate »