Зголемен бројот на дрвокрадци
Зачестија кражбите на дрва во радовишко. Полицискиот час и слабата раздвиженост во планинските предели создадоа услови крадците на раат да ги соголуваат шумските предели. Од подрачната единица на Национални шуми во Радовиш велат дека само изминатиот викенд се фатени осум запрежни коли со крадени дрва. Четирите ги конфискувале, а одостанатите четири ги одзеле само дрвата.
За радовишани, ова не е изненадување. Сметаат дека само ригорозни казни и силна контрола можат да спречат пустошење на радовишките ридови.
Од шумското стопанство Плачковица велат дека овој период ги зголемиле патролните екипи но и контролата, па и бројот на запленети дрва од дрвокрадци е поголем од вообичаеното за овој период од годината.