9 знаци дека душата ви е старa
Длабоко во себе посакувате за нешто што досега не сте го доживеале. Врска која е интензивна, но здрава, предадена но слободна , која ве поддржува но не ве гуши.
Желни сте за искреност, автентичност, страст, емпатија, искрена љубов, вистина и длабочина.Еве неколку причини зошто старите души тешко можат да ја пронајдат љубовта. Сакам автентична љубов.Не сакам да глумам, да кријам , да потиснувам или да се менувам. Не сакам да бидам со некој кому нема да биде проблем да не,, трпи нас,, туку некој кој ќе не храбри да се покажеме себе во најискрено и најавтентично светло . Сакам некој кој ќе ми дава крила, а и јас нему.Сакам љубов која ќе не учи.Наместо критики и одбивања, јас посакувам некој кој ќе ми покаже што чинам погрешно за заедно да растеме. Длабоко во себе знаеме дека секогаш имаме што да научиме . Вистина е дека нас сите врски нешто не учат. Свсното учење од друга страна е ретко скапоцено и тешко се наоѓа.Ние сме исцелители но не сакаме некого да ,,поправаме ,,.Во склад со нашата природа е обично да привлекуваме луѓе накои им е потребна помош. Иако нам природно ни доаѓа да понудиме помош, свесни сме дека да се влезе во врска со некого за да го,, поправиме,, не е паметно. Не сакаме да бидеме дежурни лекари или советници на партнерот , сакаме да пронајдеме некој кој ни е близок.Имаме комплексни особини, mногу размислуваме, гледаме длабоко на работите и случувањата околу нас. Тешко е да се пронајде некој кој ќе може да ме разбере или да ми парира. Длабочината и потрагата за вистината во заедница која тежи кон материјалното богатство , предмети и површни работи делува застрашувачки.Сакаме љубов која е повеќе од допаѓање.Сакаме силна, бескомпромисна, искрена и длабока љубов . Во денешниот свет повеќето луѓе се расфрлаат со зборовите љубов, како да станува збор за обичен предмет. Допаѓањето не носи поврзаност. Тоа е нешто површно. Еден ден ви се допаѓа одредена работа, друг ден веќе не. Додека допаѓањето е восхитување на надворешниот изглед, љубовта значи да гледаш подалеку од надворешноста, и да ја обожаваш душата.Сакаме љубов која е ранлива.Да бидеш компатибилен со некого не е доволно. Вистинска љубов не е кога некој ви се допаѓа или кога делите исти интереси, туку отворање на срцето и душата дури и кога боли . Низ нашата спремност да бидеме ранливи , нашите рани се отвораат добиваат зрак и зацелуваат. Низ нашата ранливост чувствуваме храброст и способност безусловно да сакаме .Сакаме посветеност и труд.Љубовта без престан треба да се негува. Зборовите се празни кога не се поткрепени со дела. Како стара душа ние знаеме дека вистинската љубов може да се покаже само преку заедничко искуство труд и посветеност.Сакаме партнер кој е исполнет.Во моментот кога вашата среќа зависи од некого , ја губите својата слобода да сакате поради свој избор . Сакам партнер кој сам по себе е среќен и исполнет , и таа негова исполнетост да ја дели со мене. Кога луѓето влегуваат во врска од ,,потреба,, бидејќи се чувствуваат непотполно или се плашат од самотија , врската е осудена на пропаст. Како стара душа знаеме дека среќните врски се темелат на внатрешно задоволство .Сакаме повеќе од секс. Желбата за заведување и секс се многу примамливи , но еднакво минливи и плитки ако со нив не се оптеретувате. Иако сакаме секс, ние сакаме повеќе од авантура за една ноќ. Сакаме да го делиме нашето тело со оние кои ќе се вљубат во нашата душа, не во физичкиот изглед