Повторно ги помести границите: Познатата манекенка објави фотографија на која е целосно гола
Веќе навикнавме Бела Хадид, една од најбараните манекенки на денешницата, да позира во провокативни изданија и да ја покажува својата фигура, но таа секогаш одново успева да ги помести границите.
И оваа убавица е моментално во карантин, а иако до неодамна беше незамисливо манекенките да работат од дома, Бела докажала дека и тоа е возможно.
Имено, Хадид пред неколку дена снимила едиторијал за “Вог” од удобноста на својот дом, позирајќи преку апликацијата “FaceTime”, а фотографиите се неочекувано добри. Манекенката продолжила со објавување на провокативни рекламни фотографии, а нејзините следбеници со воодушевување ги дочекале истите.
23-годишната Бела објавила фотографија на која е целосно гола, без градник и гаќички, а интимните делови ги прекрила со чанта на сè попопуларниот бренд “Jacquemus”.
Згодната бринета на фотографијата нема ниту грам шминка, покажувајќи ја природната убавина без филтери и Фотошоп, а очекувано добила над илјада комплименти и пофалби.
“Ова го можеш само ти”, гласел еден коментар упатен кон познатата манекенка.
Бела минатата година беше прогласена за жена со најсовршено лице на светот, со оглед дека тоа речиси во целост се поклопува со златниот пресек.