КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ЈА ОПУСТОШИ НАЈБОГАТА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЗА КОЛКУ ПОСИРОМАШЕН ЌЕ БИДЕ СЕКОЈ ГЕРМАНЕЦ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА?

Претседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермејер, очекува дека секоја личност во Германија ќе биде посиромашна за најмалку 2.600 евра заради коронавирусот.

„Ако прогнозата на владата се оствари, тогаш кризата кај секој Германец, вклучително и деца и постари лица, ќе чини 2.600 евра по глава“, рече тој за „Билд“.

Тој рече дека сумата може да се искачи на 3.500 евра ако работите тргнат наопаку.

За разлика од германската влада, која проценува дека економијата ќе биде изложена на пад од 6,3 проценти, Фелбермајер предвидува и минус преку 10 проценти доколку се дојде до нови ограничувања поради вирусот.

„Треба сериозно да ја сфатиме економската димензија на кризата“, предупредува тој.

Translate »