Во 6 града во земјава нема повеќе активни случаи со Kовид-19
Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест града во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.
Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во нив не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.