Филипче: За три недели ќе биде се отворено, но со препораки за дистанца
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен предлог план за намалување на рестриктивните мерки кои ќе се одвиваат во неколку фази, а кои беа воведени поради пандемијата на корона вирусот.
– Состојбата во земјата е оценета како стабилна и Министерството за здравство ќе достави предлог план до Владата за олабавување на мерките кој предвидува: во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари за возрасни, организација на седници, автошколи, спортски тренинзи на отворено за индивидуални тренизи, тенис, спортски обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри-молови, но исто така без угостителска дејност. Сите овие субјекти мора да се придржуваат до социјалната дистанца и носењето заштитни маски. По следењето на состојбата, откако ќе се вратат во функција овие економски оператори, следната недела во план е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи за отворено на колективните спортови, а една недела подоцна, во третата фаза се планира да се отворат игрите на среќа во казина автомат клубови, затворени фитнес центри, тренинзи во затворено и базени и хотелски објекти, рече Филипче.