Чомски го нападна Трамп: Тој е виновен за илјадници мртви од коронавирусот, дури и надвор од САД!
Еден од најпознатите светски интелектуалци, Ноам Чомски во последното интервју за британски „Гардијан“ го нападна американскиот претседател Доналд Трамп.
Чомски го нападна американскиот претседател, истакнувајќи дека токму Трамп е виновен за илјадници починати од коронавирусот, не само во Соединетите Американски Држави, туку и ширум светот.
Тој посети на тоа како Трамп секоја година откако е дојден на власт прави кратења во финансирањето на здравството со цел што е можно повеќе пари да завршат во рацете на големите корпорации.
„Неговиот план е и натаму да продолжи да крати. Да кратиме за народот да пати, нека пати колку што е можно, но ние ќе го зголемуваме профитот за нашите луѓе, нивното богатство, нивната корпоративна моќ“, изјави Чомски.
Тој исто така порача дека Трамп сега намерно ја префрлува одговорноста за борбата против коронавирусот на локалните американски гувернери: „Тоа е одлична стратегија – но, за убивање на сопствените луѓе и подобрување на сопствената изборна политика“.
Чомски се осврна и на одлуката на Трамп да го прекине финасирањето на Светската здравствена организација, наведувајќи дека со тоа ќе се зголеми бројот на починати во земји како што е Јемен во Африка.