„Сè се тресеше. Бев во неверување кога со Наоми отиде во тоалет…“: Секс аферата на Тајсон и манекенката Наоми Кемпбел

Најголемата слабост на Мајк Тајсон биле жените. Тоа го тврди и неговиот поранешен менаџер и голем пријател Рори Холовеј, кој што во својата книга изнел интересни детали од животот на ‘железниот Мајк’.

Холовеј сето тоа го опишал во делото со наслов „Taming the Beast: The Untold Story of Team Tyson“, во кое што ја обелоденил и слабоста на Мајк кон жените.

Особено внимание предизвикал еден детаљ, кога менаџерот го затекнал Тајсон со познатата манекенка:

„Знаев дека во рингот никој не можеше да го запре. Тој единствено можеше да падне поради својата слабост на жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги менува, а сè имаше врска со водењето љубов.

Една вечер внимавав на него и останав во неверување кога го здогледав со Наоми Кемпбел. Во еден момент ми рече дека мора да оди во тоалет, а потоа и таа влезе со него. Јас морав да стражарам и на сите да им кажувам дека тоалетот е ‘зафатен’“.

Колкав магнет за жени бил Тајсон, посведочил и негов пријател:

„Беше во затвор поради силување. Ќе појдев да го посетам, а чуварите ќе ми кажеа дека не можам да се видам со него затоа што девојките чекаат ред за да го посетат. Во затвор имаше повеќе жени отколку надвор“ – изјавил тој.

Translate »