Водич за негување на нервниот систем-Совет број 2: Дишете длабоко и практикувајте медитација
Забавете се и бидете мирни. Одвреме-навреме треба да забавите и да паузирате од секојдневните трчаници, особено во ова вонредно време . Така му давате момент на телото да си ја поврати енергијата и да се сети на природните начини за себе лекување. Вашиот природен резервоар на енергија започнува да се обновува.
Фокусирајте го Вашето внимание на дишењето и на телото. Кога сте во мирување започнувате да забележувате како функционира Вашиот ум. Тој скока од една мисла на друга или се преокупира со една работа или започнува да прави цели конструкции од мисли. Што треба да направите? Едноставно фокусирајте го вашето внимание на дишењето. Тоа не значи да размислувате за дишењето туку да го почувствувате дишењето во вашето тело. Како се подигаат и спуштаат градите додека дишете, чувството на воздухот кој струи низ вашите ноздри. Исто така можете да се фокусирате на сензациите во вашето тело. Каде се допира телото со подот, како го чувствувате воздухот на вашата кожа, итн.
Дишете полека и длабоко. Кога свесно се успорувате и го продлабочувате здивот активно го стимулирате Вагус нервот и со тоа го активирате парасимпатетичкиот нервен систем и имунитетот. Практикувајќи го ова си помагаме за намалување на анксиозноста а со тоа и намалување на стресот од секојдневието.
Треба да бидете свесни дека напнатоста и стресот кој го предизвикува моменталната состојба се главниот причинител на нус појави кои го вознемируваат периферниот нервен систем, како што се болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки. Затоа посветете се на вашето здравје и постојано трудете се да правите се што е потребно за да ги спречите ваквите нус појави и да се грижите за вашиот нервен систем. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка.