КАКТУСИ ВО УРБАНАТА СКОПСКА КОТЛИНА

Некои видови кактуси се отпорни на ниски темпетатури, успешно презимуваат и имаат капацитет природно да се шират на ним погодни живеалишта.

После Долината на кактусите во Демиркаписко, кактуси на ридовите во с. Куклица Кратовско сега откриени и во Скопје !

Фотографиите сликани во мај 2020 , се во Скопската населба Карпош 4 . На рамен кров покриен со крупен песок, кој се наоѓа веднаш под балконите на една 18-катница, гледаме два бусени кактуси и еден чувар куќа како другаруваат со гулабите….

Од каде се појавиле, како се вгездиле и како успеале така да се развијат?

Судејќи по местоположбата , можеби на некои наши сограѓани им здодеале кактусите дома или пак проредените листови од кактус и чувар куќа, како што често бива ги испратиле преку  балконот  долу и несвесно направиле добро дело. Токму благодарение на крупната песок идеално дренираната подлога. Паднатиот вегетативен материјал без конкуренција од други растенија, лесно се вкоренил и судејќи според големината на базјето веројатно се стари 5-7 години. Отворената сончева позиција, птиците кои околу нив се хранат со подарениот леб и редовно ги ѓубрат се чини дека е иделна средина за нивно успешно растење.

Станува збор за широко распространети  кактуси од видот Opuntia humifusa со потекло од Северна Америка , но внесени и одомаќинети низ многу континенти и држави .

Расте ниско полегнато гнездовидно во височина 15-30см. Овални месести плоснати стебла-листови со боцки потеруваат еден од  друг. Расцветува напролет во Скопско крај на мај почеток на јуни. Прекрасни восочно жолти цветови , навечер и на облачно време се собираат.

Од опрашените цветови се формираат мали јајцевидни црвени јадливи плодови.

Преферира исклучиво  добро дренирани почви, песок. Екстремно сушоотпорен и здрав. Во идеално погодени средини како во случајот со Скопско Карош 4 успешно се шири и развива природно без нега.

Накусо, впечатливо и декоративно растение. Вистински природен раритет за Скопје. Вистинска радост и воодушевување за оние кои имаат можност да го видат и умеат да го препознаат .

Ѓорѓи Самарџиев 

Пејзажист

Translate »