ПОЧНАТА ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека отворила предистражна постапка по допрен глас за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Се уште нема истрага, се врши предистражна постапка по допрен глас по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега имаме само предистражна постапка по допрен глас“, изјавила за „Скопје 1“ обвинителката Вилма Рускоска без да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.
Според информациите, предистражната постапка покрај Николоски ги опфаќа и еден од главните разузнавачи во кабинетот на Георге Иванов, поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ) се дел од истрагата која ја отпочнало Јавното обвинителство во Скопје, а на која и е дадено работно име „Пајажина“.