Комисијата бара враќање на полицискиот час, Скопје и уште 9 општини тридневен полициски час

На жителите на Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Липково, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце им предстои продолжен викенд под полициски час, доколку владата го прифати предлогот на Ккомисијата за заразни болести, од 21 часот утре, до понеделник 5 часот во овие градови да се воведе целосна забрана за движење. За останатите градови се предлага полициски час утре од 21 часот а  петок сабота и недела секој ден од 16 часот од 5 сабајле. Иако и министерот и ексертите претходно размислуваа во Скопје да се воведе карантин во општините кои се жаришта на корона вирусот, по денешниот состанок прозилезе поинаков предлог.

На состанокот присуствувале и претставници на МВР кое треба да го спроведува полицискиот час, но имаат и други надлежности во битката со пандемијата.

Дополнително на состанокот, на претставниците на МВР им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, соопштија од комисијата.

Најавите за враќањето на рестриктивните мерки следуваат по алармантните бројки на новозаразени. Повеќе од половина од ново заразените се од Скопје 59. Во Куманово со Липково има 12 новодијагностицирани на Ковид-19, Штип 7, Струга 6, Тетово 5, Гостивар и Кочани по 3, Пробиштип 2, Велес, Охрид и Кавадарц по 1.

Четворица пациенти починале, 84 годишен прилепчанец, хоспирлаизиран на инфективна од 17-ти мај, и торјца од болницата 8-ми септември, 75 годишен тетовец примен на 24-ти мај, 71 годишан кумановец хоспитализиран на 26-ти мај и 58 годишен скопјанец кој бил примен пред само два дена.

Вкупната бројка на починати досега е 145, на оздравени 1.605  активни случаи има 742.

Вакава иста бројка на активни случаи имаше и на 29 април, период во кој почна полголем голем број пациенти да оздравуваат а помалку да се разболуваат. Откако короната доби нов залет во месец мај со олабавувањата и непочитувањата на мерките денеска повторно има иста бројка на активни случаи. Денеска најмногу има Скопје 396. Следно е Тетово со 82, Штип со 76, Куманово 66, Прилеп 30, Велес 28.

Последното деноноќие биле направени 974 теста од кои 132 се искористени за скринингот во градники. Двајца вработени во градинки во Пробиштип биле позитивни на Ковид-19, потврди штипскиот градоначалник.

Translate »