Мора да извлечеме важни пораки од пандемијата Ковид-19: „На човештвото му се закануваат уште 1.7 милиони непознати вируси“
Од пандемијата на новиот коронавирус треба да се извлече важна порака, за идните можни пандемии всушност да можат да се запрат веднаш од таму од каде што потекнуваат, односно пред да станат нова закана за човештвото.
Водечкиот британски научник предупредува дека животните во себе носат речиси два милиони вируси кои што потенцијално можат да преминат на луѓето и кои што можат да пренесат други опасни болести.
Д-р Питер Дасзак, претседателот на „EcoHealth Alliancea“ за „Sky News“ изјавил дека од пандемијата коронавирус мора да извлечеме важна порака за идните пандемии кои што би можеле да се појават.
„Го анализиравме бројот на непознатите вируси кои што би можеле да се појават во иднина и проценивме дека има околу 1.7 милиони, односно типови вируси кои што можат да ги заразат луѓето“ – пренесува Дасзак.
„Тоа е навистина значителна закана за иднината. Ние знаеме само неколку илјади вируси така што поголемиот дел од нив треба да се појават“ – додава тој.
Се верува дека SARS-CoV-2, кој што ја предизвикува болеста Ковид-19, на човекот преминала од лилјаците во Кина.
Истражувањата спроведени над луѓето кои што живеат во пештерите близу лилјаците во Азија, покажале дека и од други вируси може да се заразат луѓето, но дека не се истите не се доволно еволуирани за да почнат да се шират во епидемиски размери.
Д-р Дасзак нагласува дека треба да се направи секој напор за да се открие генетскиот код на вирусот кој што живее во животните.
За тоа, како што проценува тој, потребни се 10 години…
„Така би им се помогнало и на локалните заедници кои што живеат во првите линии на тие болести, да го сменат однесувањето кое што ги изложува на ризик“ – додал Дасзак.
Сето тоа денес е возможно затоа што науката во текот на пандемијата коронавирус се вклучила на начини кои што во претходните години биле незамисливи.