Со автомобил на демонстрантите: Тргнал на работа, па бесен влетал во масата луѓе, полицијата го уапсила
Шокантната снимка го покажува моментот кога лиотот возач во саботата влетал во група демонстранти во Њујорк по релативно мирниот ден на демонстрации по смртта на Џорџ Флојд и полициската бруталност.
Снимките од инцидентот кои се споделуваат по социјалните мрежи, го покажуваат возачот во Бруклин кој вози по тротоар, каде се собрале поголем броj на луѓе на велосипеди, пред да ги удри.
Сведоците рекле дека возачот се жалел, велејќи дека оди на работа, додека во тој момент се одржувал протест, а патот бил блокиран.
“Демонстрантите се обидоа да го убедат да заврти, меѓутоа наместо тоа, тој влета во масата луѓе. Најмалку едно момче беше повредено, а полицијата реагираше”, рекол еден сведок.
Полицијата подоцна соопштила дека возачот удрил во маж и дека го турнал неговиот велосипед. Подоцна бил уапсен.
Инцидентот се случил насред мирните демонстрации кои продолжиле и покрај полицискиот час кој започнал во 20 часот.
Повеќе од 2 часа откако дошла наредбата, групи од неколку стотини демонстранти продолжиле да шетаат по Менхетн и Бруклин, додека полицијата надгледувала.