“Правда за Кољо”: Почна протестот за убиството на младиот кошаркар од Ново Лисиче
Голем број на граѓани се собраа во Ново Лисиче да бараат правда за убиството на младиот кошаркар Никола Христовски.
Главната причина за револтот на граѓаните е казната од само три години затвор 18-годишниот Скопјанец А.Т, кој бил обвинет за убиството на Кољо.
Исто така, не е јасно зошто казната е спуштена под минималните пет години.
На социјалните мрежи последниве неколку дена можеше да се најдат несогласувања со оваа пресуда, но и споредби со настанот кога Панче Ангелов ја кубеше Радмила Шекеринска за коса, па подоцна доби 4 години затвор, а за убиството А.Т доби 3 години.
Во најавата за протестот денес меѓу другото пишуваше “Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем” и “Да излеземе сите заедно. Во чест на еден прерано згаснат живот. Во чест на нашиот брат, Никола Христовски – Кољо. Да покажеме дека овој трул, нефункционален и заробен систем НЕ функционира. Да го кренеме нашиот глас против нанесената неправда, против системот кој не казнува убиство”.