Хаос на влезот во Грција! Србите масовно тргнале на море преку Бугарија, Грција не ја отвора границата со Македонија до 1-ви јули?

Нови проблеми за сите граѓани на Србија кои се подготвуваат да тргнат во Грција на море. Веста дека Македонија денес ги отворила своите граници израдувала многубројни српски туристи, но проблем е тоа што е неизвесно дали Грците вечер во 23.00 покрај преминот со Бугарија, ќе го отворат и Евзони.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис најавил дека границите за туристи ќе се отвораат во две фази. 

“Денес ќе биде отворен граничниот премин кон Бугарија, а за 15 дена, односно на 1-ви јули, кон Албанија и Северна Македонија”, рекол Теохарис, пренесува “TV Skai”.

Дека нешто се “готви”, односно дека е неизвесно дали српските кои тргнуваат преку Македонија ќе можат од вечерва да влезат во Грција, потврдил и Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции во Србија.

“Неофицијалната информација е дека Грција ги отвора границите за нашите туристи, а за Македонија дури на 1-ви јули. За српските туристи ќе биде отворен граничниот премин Евзони. Засега нема протокол за задржување подолго од пет часа во Македонија, а верувам дека нема да биде прооблем ако тие пет часа истечат додека се наоѓате во ред на граничниот премин. Очекуваме денес, евентаулно утре, да ги имаме сите детали”, рекол Сеничиќ за “ТВ Пинк”.

Ова го потврдиле и туристичките работници од Грција.

“Денес е отворена само границата со Бугарија. Луѓето побрзале и пристигнале во раната зора, но не сметале дека карантинот не е задолжителен за оние кои влегуваат дури од 12 часот па натаму. Многумина одлучиле да останат тука и да почекаат 12 часот, па се создале редови и метеж. Метежот се создава и поради тоа што во овој момент само преку Бугарија може да се влезе во Грција. Границите со Турција, Албанија и Македонија се и натаму затворени, но дали тоа ќе се промени во текот на денот останува да видиме. ОФицијална одлука за отворањето и натаму нема, а на границата ни велат дека известувањето отворањето на границата со Бугарија на 1-ви јуни е дојдено само неколку минути пред отворањето, па велат дека не е исклучено истото да се случи со Евзони”, порачала Ана Николиќ за “Никан”, портал кој се занимава со туризам во Грција.

Translate »