Министерството за здравство ќе ги објавува имињата на оние кои одат во изолација
Се поголемиот број на лица кои одбиваат да ги примаат решенијата за самоизолација или даваат погрешни податоци ги тера властите да размислуваат за јавно објавување на нивниот идентитет.
Министерот за здравство Венко Филипче најави можност за објавување на имињата на сите лица кои треба да одат во изолација поради сомнеж за коронавирус. На денешната прес-конференција Филипче повторно реагираше на бројните проблеми со кои се соочува Државниот здравствен и санитарен инспекторат при предавањето на решенијата на граѓаните, како и давањето погрешни податоци од нивна страна. За да се надмине проблемот, Филипче побарал помош и од правната служба на Собранието.
Објавувањето на имињата би се правело согласно законот за управна постапка, а идентитетот на граѓаните ќе може да го види секој на интернет-страницата на Министерството за здравство.
- ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУС ВЛЕГУВА ВО МУЗЕЈНова порака за светот„Остани дома“, гласи пораката на овој знак, а таа во меѓувреме е универзална за цел свет. За идните генерации да можат да се потсетат на посебните услови за време на пандемијата на коронавирус, насекаде мали и големи музеи упатија повик до граѓаните да сочуваат вакви објекти и да им ги предадат. На таков начин Фихтелгебирг музејот во Вунзидел стигна до овој експонат.