Врие во Кашмир! Кинезите убиле најмалку 20 индиски војници
Ова се првите смртни случаи во неколку децениските судири на овие две држави.
Според најновите информации на индиската влада, во пресметка со кинеските воени сили во Ладак, во регионот Кашмир на граничното подрачје меѓу Индија, Кина и Пакистан, загинале најмалку 20 индиски војници, а не три како што претходно се пишувало, пренесува “BBC”.
Ова се првите смртни случаи во неколку децениските судири на овие две држави.
Кина пратила апел до Индија да не презема никакви акции кои дополнително би ја влошиле ситуацијата. Ја обвиниле Индија за преминување на границата и напаѓање на кинески војници.
Индија ја обвинила Кина дека заземала 38.000 квадратни километри од нејзината територија. Неколку рунди преговори во минатите три децении не успеале да ги решат граничните спорови во регионот Кашмир.
Локалните медиуми соопштиле дека индиските војници “биле претепани до смрт”, но тие информации не ги потврдила војската. Двете страни инсистираат на тоа дека последните четири децении меѓу нив не е испукан ниеден куршум. Индиската војска денес соопштила дека во последниот судир немало пукање.
Во мај десетина индиски и кинески војници се пресметале во физички судир на границата во североисточната држава Сиким.
Двете земји се судриле и во 2017-та година во регионот Кашмир, откако Кина се обидела да продолжи граничен автопат преку спорната висорамнина.