БОКИ 13: ПАРИТЕ ОД РЕКЕТ БАРАЈТЕ ГИ КАЈ ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ
Овој ден ќе го прогласам за политичка кампања, парите од „Рекет“ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот.
Во врска со барањето да оди во домашен притвор, обвинетиот Јовановски рече дека знаел дека судот нема да му го одобри барањето.
Судијката Васка Николовска- Масевска потоа побара обвинетиот да биде изнесен од судот.
Судот во врска со мерката притвор донесе одлука на обвинетиот Јовановски да му се продолжи, додоека на Катица Јанвеа да остане во куќен притвор.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.
Поранешнета шефица на СЈО, Јанева, доби 7 години, а за двете дела за кои се гонеше Боки 13, доби 9 години затвор.