Корона вести од регионот: Во Србија се размислува за воведување на полициски час, 132 нови случаи во Бугарија….
Во Србија поторно се размислува за полициски час, додека плажите во Грција празни поради стравот од корона. 132 нови случаи во Бугарија, а само по 6 лица во Словенија и Хрватска. Ова се жешките наслови од регионот.
Србија
1. Во соседна Република Србија повторно се размислува за воведување на полициски час бидејќи ситуацијата со коронавирусот излегува од контрола
2. Вирус се шири низ фабриките: Врање повторно жариште, коронавирусот влезе во Симпо Врање
3. Во Белград навала за тестирање од Ковид. Нема повеќе слободни термини за серолошки тестирања до крајот на јуни
4. Крвава пресметка во Белград, момче пред две години излегло од притвор поради обид за убиство, сега пукале кон него
5. Во Србија 93 нови случаи на Ковид. Починало едно лице
Грција
1. Грција празна, поради коронавирус мерките туристите се плашат да патуваат
2. На аеродромот во Кипар започна Ковид тестирање по случаен избор
3. Тројца приведени во Јанина поради нелегално одгледување на канабис
4. Десет ново заразени и еден смртен случај на Ковид-19 во Грција
5. Големи пожари ја зафатија Фтиотида (Fthiotida)
Албанија
1. 50 нови случаи на коронавирус во Албанија
2. Летовите кон аеродромот во Истанбул ќе стартуваат на 22 јуни
3. Грција – Италија потпишаа договор за поморска граница, отворајќи го патот за Албанија
4. Тирана ги игнорира барањата за влез во ЕУ
5. Потпишан договорот за воздушниот пат на Косово – Албанија
Бугарија
1. 132 нови случаи на Ковид во Бугарија. Борисов: Нема причина за паника
2. Бугарија ги отстранува барањата за карантин за пристигнувањата од Белгија
3. Евростат: Бугарија имаше најниски цени во ЕУ за хотели, ресторани, алкохол и тутун во 2019 година
4. Бугарија меѓу 11 основачи на иницијативата Европа за обука на летови во НАТО
5. “Bulgaria Air” започнува со Софија – Бургас летови на 29 јуни
Хрватска
1. Шест нови случаи на Ковид во Хрватска, сите од Сплитско-Далматинскиот регион
2. Строга контрола на границата со Босна и Србија. Божиновиќ: Не може да се влезе без документи
3. Утре обилни врнежи со грмотевици во Хрватска, најлошо време ја очекува Славонија
4. Се создаваат големи колони возила кон морето, гужва и на границите.
5. Извештаите на ОН (Обединети Нации) бараат истрага за бруталноста на хрватската полиција кон дел од мигрантите
Црна Гора
1. Ераковиќ: Само злобници мислат дека границата со Србија ја држиме намерно затворена
2. Криумчари за дрога регрутирани во Црна Гора
3. Поскапување на горивата за околу 3 центи по литар
4. 18 нови случаи на коронавирус, само 13 во Рожај
5. Корона не влегла преку затворските решетки. Во затворите во Црна Гора сеуште ниту еден Ковид случај
Словенија
1. Јанша рече дека планот за обновување на ЕУ мора да биде договорен пред летната пауза
2. Несоодветни маски испорачани во болниците, само мал дел се вратиле назад
3. 6 лица заразени со коронавирус во изминатите 24 часа. Направени се 1.147 тестирања
4. Во Истра ќе има објекти за карантин или изолација на туристите заболени од Ковид
5. 100 дена од владата на Јанша: Од коронавирус епидемија, афера со заштитна опрема до приказната на Јанша за војната со медиумите