РАБОТНИЦИТЕ КОИ ШТО ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ДО 26 ЈУНИ

Сите што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, а рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

„При креирањето на мерките  Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност“, напиша Ангеловска.

Ангеловска наведува дека за оваа мерка во Центрите  за ваботување досега аплицирале 3.000 лица и дека со мерката се опфатени 113.000 невработени.

Таа информира и дека мерката ослободување  од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули.

„Над 1500 компании и вршители на дејност ја користат мерката.Најмногу од компаниите кои ја користат се од дејностите:Транспорт, подготовка и служење на храна.Туристички агенции, туроператори и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и Објекти за сместување“, пишува Ангеловска.

Според неа, најголем број од претпријатијата ослободени од аконтација за данок на добивка се микро и мали со преку 90% застапеност.

Translate »