Големи поплави во Србија: Итна евакуација на над 70 граѓани, надојдените реки срушија два мостови…
Поради растот на водостојот на неколку реки и поплавите, прогласена е вонредна состојба во осум општини во соседна Србија.
Поплавени се над 700 домаќинства, реката Љубовиѓа сруши два мостови, а сообраќајот на повеќе регионални патишта е во прекин. Поради обилните врнежи на дожд, во текот на ноќта дошло до излевање на реките и потоците на подрачјето на Лучани.Danica Jakšić@DanicaJaksic
527Twitter Ads info and privacy178 people are talking about this
Само на подрачјето на Лучани досега се поплавени над 100 стамбени објекти, а евакуирани се околу 40 лица. Според последните информации, уште седум мостови се оштетени, а едно лице било спасено во последен момент откако паднало во надојдената вода.
Од српското Министерство за внатрешни работи соопштија дека Секторот за вонредни состојби будно ја следи ситуацијата.
„Воведовме вонредна состојба во 12 локални самоуправи поради прелевањето на реките и обилните врнежи од дожд“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.