Пабло Касадо :Првиот човек на Каталонија може да биде стрелан исто како во 1934 година

Прес секретарот на владејачката шпанската Народна партија Пабло Касадо изјави на прес-конференција дека Карлес Пучдемон, актуелниот прв министер на Каталонија може да заврши како својот претходник на функцијата Луис Компанис кој исто прогласи независност на регионот на 6 октомври 1934 година, пренесе The Spain Report.

Да се ​​надеваме дека ништо нема да биде објавено, бидејќи можеби личноста која ќе го објави ова, ќе заврши како личноста, која истото го објави пред 83 години, изјави Касидо.

Касадо не прецизира дали го има в предвид она што се случило колку месеци по 6 октомври 1934 година, кога Компанис е уапсен и осуден на 30 години затвор за востание од тогашните шпански централни власти или за тоа што се случило со него потоа.

По бегството во Франција по Граѓанската војна во Шпанија, Компанис од страна на нацистите е предаден на режимот на  Франко, кои го извеле пред воениот суд и го стрелале на 15 октомври 1940 година.

Каталонските сепаратисти и голем број претставници на опозицијата во Шпанија веднаш реагираа луто на зборовите на КасадоДа, Пабло Касадо, ние знаеме како нашиот претседател Компанис заврши – стрелан од армијата. Убаво ли е вие да потсетувате на беспомошни луѓе? Коментира пратеникот од каталонски парламент Жоан Тарда.

Касадо вели дека Пучдемон може да заврши како Компанис кој е измачуван и убиен. Или е глуп или неодговорно провокативен , смета претседателот на шпанската партија Подемос Пабло Иглесиас. Неговиот сопартиец Индиго Ерехон го повика Касадо или веднаш да се извини, или да поднесе оставкаТој е потпалувач, додаде политичарот.

Translate »