ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА: СЕКОЈ КОЈ МОЖЕ ТРЕБА ДА РАБОТИ ОД ДОМА
Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 упати апел секој кој може во наредниот период да работи од дома.
-Секој кој може да работи од дома, да ги извршува своите работни обврски од дистанца, секој кој може така да го организира животот, е добро тоа да го прави во наредниот период. Голем број компании им дозволија на своите вработени да работат од дома. Така ги штитат и своите вработени, а и своите бизниси. Исто така, придонесуваат и за заштитување на здравствениот систем, рече Филипче.Сподели