Мирис кој ги хипнотизира жените, научно докажано
Студијата која ја спроведоа научници од Универзитетот во Британска Колумбија во Канада покажува дека осетот за мирис има влијание врз психата и стресот. Според, истражувањето, кое е објавено во весникот “Дејли мејл” , мирисот на саканиот може да помогне во намалување на нивото на стресот во деновите кога сте напнати.Така, кај жените нивото на стрес се намалува кога ќе помирисаат кошула која нивниот партнер ја носел. Мирисот на странец, од друга страна, жените ги прави уште понервозни.Експертите со ова истражување докажаа дека мирисот не е само дел од првичното привлекување, туку дека дава и чувство на безбедност, барем кај хетеросексуалните жени.
За ова истражување биле избрани 96 двојки , поделени во три еднакви групи. Во првата група, жените мирисале нови кошули, во втората – носена од непознат, а во третата – од нивниот партнер. Во експериментот мажите требале да носат 24 часа иста облека и два дена да не користат дезодоранс. Жените, пак , морале да имаат стресни активности. Тие кои ја помирисале облеката на својот партнер биле помирни, а нивото на кортизолот побрзо им се враќал во нормални граници.