По 98,6 отсто обработен материјал, „за“ гласале 605.016 граѓани

Според последното освежување на резултатите од референдумот на веб-страницата на ДИК, „за“ гласале 91,4% гласачи.

„Против“ се изјасниле 37.312 гласачи. Вкупната излезеност изнесува 36,8%.

Во текот на денешниот ден ќе бидат објавени целосните резултати од референдумот, кој не доби доволна излезеност на гласачите заведени во избирачкиот список.

Translate »