Eurostat: над 34 милијарди литри пиво се произведени во Европската унија во 2019!

Во рамки на Унијата, лани се произведени 1,4 милијарди литри пиво со помалку од 0,5% или без алкохол.

Меѓу земјите членките на ЕУ, најголем производител на пиво е Германија со осум милијарди литри или 23% удел во вкупното производство во рамки на Унијата. По нејзе следуваат: Полска и Шпанија (со по 3,9 милијарди литри), Холандија (2,5 милијарди литри), Белгија (2,4 милијарди литри), Франција (две милијарди литри) и Чешка (1,9 милијарди литри пиво).

Кога станува збор за извозот, Холандија е на врвот на оваа листа со 1,9 милијарди литри пиво во 2019 година. По нејзе следуваат: Белгија (1,7 милијарди литри), Германија (1,6 милијарди литри), Чешка, Франција и Ирска (по 500 милиони литри пиво).

Најголем дел од извозот надвор од земјите членки на ЕУ беа: САД (911 милиони литри), Велика Британија (825 милиони литри), Кина (364 милиони литри), Русија (258 милиони литри), Канада (193 милиони литри пиво)…

Иако увозот на пиво во ЕУ е на минимално ниво, најголем дел од увозното пиво доаѓа од Велика Британија (278 милиони литри), Мексико (125 милиони литри) и Србија (61 милион литри).

Translate »