Утрово, силен земјотрес во Грција
Земјотрес од 5,1 степени според Рихтер е регистриран утрово во Грција.
Земјотресот се случил близу островот Хидра, околу 9.30 часот утрово (односно 10.30 по грчко време). Епицентарот се смета дека е во морето, 53 километри југоисточно од островот Хидра, на длабочина од 83 километри.
Овој земјотрес се случува на само 100 километри од Атина, и бил почувствуван и во главниот град на Грција.
Засега нема информации за предизвиканите штети од овој земјотрес.