Какви маски треба да носат учениците кои ќе тргнат на училиште

Додека светот, но и регионот се подготвува за старт на учебната година, кај нас се уште не се знае дали и кога ќе биде стартот и кои ученици ќе одат со физичко присуство, а кои ќе работат он лајн. Сепак имаше најави дел од помалите ученици да се вратат во клупите. Тие најверојатно и ќе треба да носат заштитни маски. Познатиот српски епидимиолог Предраг Кон денеска тврди дека тие може да бидат и трислојни но и еднослојни, но може да се користат маски и од платно или каква било ткаенина. 

Инаку тој вчера тврдеше дека маските мора да бидат специјални, но денеска го промени мислењето.

„Тоа може да бидат и хируршки и платнени и сошиени маски. Ако забележиме дека почнува зголемен пренос на коронавирусот ќе забраниме децата д аодат во училиште, изјави денеска Кон. 

Останува да се види какви ќе бидат препораките за кај нас. Засег анема протоколи и нема најави за заштитата на децата кои ќе одат на училиште.

Translate »