СДСМ СО „СТАРИТЕ КАДРИ“ ВО НОВАТА ВЛАДА: НЕМА ПРОМЕНА ВО МВР, ОДБРАНА И ЗДРАВСТВО?

Седниците на највисоките партиски тела на СДСМ и ДУИ вечерва треба да стават печат на вчерашниот договор меѓу Заев и Ахмети за новата владина коалиција.

Уште од вчера се шират шпекулации која партија, кој ресор ќе го добие, а според неофицијални информации, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Венко Филипче, ќе раководат со истите ресори како и претходно, односно министерствата за внатрешни работи, одбрана и здравство.

По јасно изразеното собраниско мнозинство во текот на утрешниот ден се очекува Талат Џафери да го свика Собранието на кое според договорот тој ќе биде избран за Претседател, а во текот на идната недела може да се очекува и седницата за избор на Влада.

Translate »