Гори Инспекторатот за животна средина (ВИДЕО)

Утринава било пријавено дека во зградата во која се наоѓа Инспекторатот за животна средина настанал пожар, при што реагирале протипожарните екипи. Станува збор за зградата на кејот Димитар Влахов, на поранешна Комерцијална Банка. Во неа се наоѓа и Секретаријатот за европски прашања.

Иако некои медиуми објавија дека токму Секретаријатот е опожарен, сепак, стигна демант од МВР.

И натаму може да се забележи чад од објектот, а протипожарните екипи се и натаму на терен. Засега нема информации дали имало луѓе во зградата во моментот на пожарот.

ТВ21 во живо од пред зградата каде настана пожарот:

https://www.facebook.com/watch/live/?v=322133839008231&ref=external
Translate »