Го привлече вниманието и на светските медиуми: Училиште во БиХ поседува училница во која не се потребни заштитни маски
Едно основно училиште во Босна и Херцеговина нема проблеми со (не)носењето на заштитни маски, а учениците по летниот распуст биле дочекани во потполно нова атмосфера.
Имено, она што е уникатно кај ова училиште е што наставата се одвива во нова училница на отворено, а првите впечатоци се повеќе од позитивни.
Во местото Качуни, учениците ја следат наставата на свеж воздух. Клупите се наместени во полукруг, како во амфитеатар, а во средината се наоѓа местото на наставникот. Во „училницата“ има доволно растојание помеѓу учениците, па затоа нема ни потреба од носење на заштитни маски кои во овој момент се потребни поради епидемијата на коронавирусот.
Оваа приказна го привлече вниманието и на светските медиуми, како Ројтерс кој ја пренесе веста на својот портал.
https://www.reuters.com/article/us-health-coronavirus-bosnia-education-idUSKBN25Z26S