ЖАН МИТРЕВ ЗА ФИЛАН: АКО СЕ ОГРЕШИЛ ПРЕД ЗАКОНОТ, ЌЕ СИ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА
„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста“, вели за Сител кардиохирургот Жан Митрев за својот син Филан.
Додава дека тој живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него.
– Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар, изјави пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло, објаснувајќи зошто тргнал по погрешен пат.
Филан Митрев е обвинет за тероризам откако во ноември лани со уште двајца осомничени биле откриени дека подготвуваат самоубиствен напад во угостителски објект.