ЗАЕВ: ДЕЛЧЕВ И МИЦКОСКИ НИКАКО НЕ ОДАТ ЗАЕДНО

loading...

„Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда“, пишува премиерот на С.Македонија, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Тие двајца никако не одат заедно. Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1.000 гласови разлика на последните избори“, смета Заев.

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена изјави дека верува дека ќе се најде решение со Бугарија, со кое треба двете страни треба да излезат победници. Тој во гостувањето на Националната телевизија испрати порака до соседна Бугарија дека македонската страна е подготвена да се најде решение и за Гоце Делчев.

Прашан дали можеме да прифатиме дека Гоце Делчев бил Бугарин се со цел да влеземе во ЕУ, Заев вели дека не треба да дозволиме да има блокади. Тој вели дека прашањата со Бугарија се полесни од прашањето што го имавме со Грција за името.

Translate »