Фон Дер Лајен со јасна порака за Македонија: Таа е дел од Европа, а не станица на „Патот на свилата“

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен го претстави планот кој ќе ја направи Европа поотпорна на кризите во иднина.

Таа во годишниот говор за состојбата на Европската унија ги потврди целите кои ги нагласи кога стапи на должност во декември минатата година – борбата против климатските промени и дигитална револуција.

Фон Дер Лајен во говорот во Европскиот парламент порача дека „ова е моментот за Европа“ да ја покаже внатрешната доверба меѓу сите и да настапи единствено.

„Дојде моментот Европа да биде предводник на патот од оваа ранливост кон нова виталност. Ова го велам затоа што последните месеци повторно укажаа на нашата заедничка вредност. Го претворивме стравот и поделбите помеѓу државите членки во доверба во нашата Унија“, изјави Фон Дер Лајен.

Довербата е основа на секое силно партнерство, а Европа ќе биде подготвена да изгради силни партнерства со своите најблиски соседи, почнувајќи од Западниот Балкан.

„Иднината на овој регион лежи во Европската унија. Ние ја делиме истата историја, истата судбина“, изјави Фон Дер Лајен и порача дека Западен Балкан е дел од Европа, а не станица на „Патот на свилата“.

Translate »