Хијалуронска киселина: факти кои помалку ви се познати!

loading...

#1 Хијалуронската киселина всушност не е киселина!

И покрај нејзиното име, хијалуронската киселина по својот состав е врста на шеќер, што природно се наоѓа во клетките, особено во деловите од телото кои бараат подмачкување и постојана хидратација – зглобовите, очите, кожата. Нашето тело содржи околу 15 грама хијалуронска киселина, а нејзината количина се намалува со стареењето.

#2 Привлекува дури 1000 пати повеќе вода од својата тежина!

Хијалуронската киселина работи како магнет – таа има способност да привлече вода до 1000 пати повеќе од сопствената тежина. На овој начин хијалуронската киселина им помага на клетките на кожата да ја регулираат влагата за да не се исушат.

#3 Нивото на хијалурон се намалува како што старееме!

За жал, природното ниво на хијалуронска киселина во кожата, зглобовите, па дури и очите природно се намалува како што старееме, но исто така и поради загадувањето од надворешната средина. Затоа важно е да го надоместите со производи за нега на кожа врз база на хијалурон – со серуми, креми… Постојат дури и суплементи со хијалурон кои помагаат да се подмачкат зглобовите! Не заборавајте дека хијалуронот има потреба од вода, да ја врзе за себе и да привлече во кожата. Затоа, неопходно е да внесувате доволно количество на вода. А во оваа категорија го препорачуваме новиот Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity 3D серум, на пример.

#4 Доаѓа во разни големини!

Синџирот на молекули на хијалуронската киселина е доста голем, така што во својата оригинална форма успеваат да го хидрираат само горниот слој на кожата. За среќа, хемичарите најдоа начин да ги „намалат“ молекулите на хијалуронската киселина, така што ќе можат да продрат подлабоко и да ја „напумпаат“ кожата со вода, состојката што е најпотребна.

#5 Се наоѓа во вашата храна!

Некои намирници се природно богати со високо ниво на хијалуронска киселина. Тоа се: говедското месо, јагнешкото месо и пилешкото. Од друга страна намирниците кои се богати со магнезиум, како што се бананите, јаболката, авокадото како и намирниците кои се богати со витамин Ц помагаат во синтетизирање на хијалуронска киселина во телото.

Izvor: ubavinazasite.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »