Научници од МИТ смислија маска која го убива корона вирусот со топлина
Маските за лице станаа најнов моден додаток во оваа доба на пандемија и средство за да го држиме корона вирусот што подалеку од нас затоа што устата и носот се главните влезови на вирусот во телото.
Сега инженери од МИТ сакаат да ги однесат маските чекор понапред во борбата против КОВИД-19 и не само да го држат вирусот надвор од нашето тело, туку и да го убиваат. Тим од научници смисли план за креирање маска која користи топлина за да го држи вирусот подалеку и да го неутрализира.
Планот на научниците од МИТ е да направат маска за лице која во внатрешниот дел има мрежа од бакар која се загрева. Мрежата ќе помогне да се забават виралните честички и ќе се спречат да навлезат во човечкиот систем, како и да се загрее доволно за да го уништи вирусот.
„Маските кои ги носиме сега се дизајнирани да спречат навлегување на дел од вирусот. Тие обезбедуваат заштита, но никој не мисли на деактивирање и стеризлирање на воздухот. Тоа ме зачуди“ вели Мајкл Страно, професор по хемиски инженеринг на МИТ и лидер на студијата.
Маската која ја дизајнираат тие главно ќе биде наменета за здравствените работници, кои подолго време се во близок контакт со вирусот. Ова е целосно нов концепт на маска чија примарна улога не е блокирање на вирусот, туку го пушта вирусот да влезе во маската, но го забавува и го деактивира, вели Страно.
Прототипови на маската моментално изработуваат истражувачите и наскоро ќе почне тестирањето. Мора да напоменеме дека истражувањето треба да биде разгледано од други научници. Досега е објавено во онлајн весникот bioRxiv.
Истражувачите пресметале дека корона вирусот се деградира на различни температури. Откриле дека 90 степени Целзиусови можат да ги намалат виралните честички за илјадници или милиони пати, во зависност од големината на маската.
Бакарниот дел се загрева со електрична струја. Во прототипот има батерија од 9 волти, која работи неколку часа и го лади воздухот кој го вдишува корисникот. Безбедноста и удобноста на корисниците биле најбитини за научниците при дизајнирањето на маската, па затоа се погрижиле маската за тој што ја носи да не е претопла или претешка.
(Interesting Engineering)
(фото: MIT News Office screenshot)
Izvor Inovativnost.mk