Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите
Ниту македонскиот јазик, ниту Гоце Делчев не не ги кочат преговорите помеѓу Бугарија и Македонија. Најголемиот проблем е периодот на втора светска војна каде тогашна Голема Бугарија ги избрка евреиите од Скопје во логорот Треблинка. Бугарија сака одговорноста за ова да ја превземе Македонија, вели историчарот Скендер Асани.
„Главниот спор меѓу Македонија и Бугарија е периодот на Втората светска војна, односно истерување на 7 илјади 189 евреи од Скопје до Треблинка. За холокауст? Да. Зошто? Во Втората светска војна беше голема Бугарија и Скопје беше под бугарска окупација“, вели Асани во „10МИНУТИ“ на ТВ21.
Македонско-бугарската комисија e голема грешка затоа што само политиката може да донесе решенија, смета историчарот Скендер Асани. Додава дека единствено решение е формирање на постојани канцеларии во Софија и во Скопје.
„Од почетокот тоа стана проблем и сега ги гледаме оние црвени линии на двете делегации кои во моментот не гледаат соодветно решение. Тука гледам дека политиката само може да го реши ова прашање.“, рече Асани за ТВ21.
Дел од Албанските историчари се скептични дека комисиите на двете држави можат да дојдат до решавање на историските прашања. Затоа предложија во комисијата да има и историчари албанци. ВМРО-ДПМНЕ со истите обвинувања , дека премиерот Заев тргува и со Гоце Делчев и со македонскиот јазик.
„Видете во овој период треба силна дипломатска офанзива. Треба државата, власта, владата која впрочем доби доверба за да ги штити македонските национални интереси, тоа да го прави, а не како што сега гледаме. Значи оваа власт наместо да се крие зад ваквите прашања треба да излезе и да го каже ова јавно, дали Гоце Делчев е Македонец, дали македонскиот јазик е македонски јазик“, вели Мисајловски.