Филипче: Полицискиот час не е решение во овој момент

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека огромен број од починатите од Ковид-19 се со коморбидитети.

-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85%, а голем дел многу доцна доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.

Тој изјави дека овие мерки што треба да стапат на сила се најава за полициски час.

„Тој не е решение, доволно е да се почитуваат мерките“, вели Филипче.

На Инфективната болница има се уште слободни места, но тие забрзано се пополнуваат, направивме план за дополнување на капацитетите.

–Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали, рече Филипче.

Translate »