Светот по ковид-19: Луѓето ќе бидат поосамени, ќе се раѓаат помалку деца
Психолошките последици од пандемијата на ковид-19 ќе влијаат на човештвото на начин што во блиска иднина ќе се раѓаат помалку деца, а луѓето ќе бидат поосамени, предвидуваат експерти од САД.
Стручњаците прегледале 90 студии пред да дадат прогноза што го чека човештвото по пандемијата на коронавирус, па и луѓето кои нема да бидат заразени со ковид-19.
– Што подолго трае пандемијата, последиците ќе бидат се полоши, објаснува Марти Хаселтон, психолог од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, пренесува „Блиц“.
Разочарување
Тимот на стручњаци кои работеше на истражувањето предупредува дека идните двојки, кои се запознале преку видео-повик за време на карантинот би можеле да се разочараат при, конечно, евентуална средба во надворешниот свет.
– Дали двојката има хемија? – Тоа не можете да одредите по пат на Зум, вели професорката Хаселтон.
Прогнозите не се ветувачки, бидејќи ќе дојде до намалување на бројот на родени деца, бракови, што ќе влијае на намалување и на популацијата во некои земји, пренесува „Дејли Мејл“.
Падот на бројот на новороденчиња ќе влијае врз општеството и врз економијата, а со самото тоа ќе влијае и на работата и на поддршката на повозрасната популација.
Идеализација на партнер
Новите, дигитално градени врским веројатно ќе доведат до преголемо идеализирање на потенцијалните партнери, односно погрешно разбирање што може да значи дека поврзаноста можеби нема да ја преживее средбата во реалноста.
Ова, како и пропуштените прилики за состаноци во живо, може да доведат до подолга осаменост на поединци. Тимот на стручњаци забележува и дека, за разлика од минатите кризи, пандемијата не собира луѓе и нејголем дел не поттикнува на зголемување на емпатијата.
Товар на грбот на жените
Пандемијата стави поголем товар на грбот на жените кои и претходно биоле под стрес поради баланс на кариерата, љубовниот живот и семејните обврски. Карантинот и затворањето на училишта, на пример, ги оптоварија жените со опсежни одговорности во доменот на грижа за децата и образованието.
Коренот на таквата нееднаквост не е во врска само со традиционалните родови улоги, тврдат истражувачите.
– Низ еволуционата историја, репродуктивната способност на жената во голема мера зависеше од успехот на секој поединечен потомок додека кај мажите тоа не е случај, објаснуваат од тимот.
Социјален експеримент
Тимот на стручњаци сугерира дека таквиот тренд може да доведе до „големо отстапување од традиционалните родови норми, каде жената зависи од мажот како она „кој носи леб во куќата“ и со тие поврзани поместувања би се одело натаму во социјален конзерватизам.
Тоа би можело да вклучи помалку прифаќање на врски што не се моногамни, легални абортуси и права на сексуални малцинства што ги „кршат родовите улоги и, исто така, се стереотипизирани како промискуитетни“.
По многу нешта, стручњаците нагласуваат дека „пандемијата ќе стане глобален социјален експеримент, а резултатите допрва ќе се видат, пишува „Дејли Мејл“.