Во Германија се затвора сè: Меркел пред одлука за најдрастичните мерки
Што се однесува до рестораните, таму ќе може само да се купува храна и да се понесе, но нема да може да се седи внатре.
Германската канцеларка Ангела Меркел, сака состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на ресторани и кафулиња почнувајќи од 4-ти ноември, како обид да се спречи ширењето на коронавирусот, но училиштата и градинките ќе бидат отворени.
Како што пренесува “Reuters”, повикувајќи се на “Bild”, Меркел сака да ги затвори локалите за фитнес, казината и кино-салите, како и театрите, операта и да забрани концерти, но продавниците да останат отворени доколку одржуваат хигиена, како и да се ограничи бројот на присутни луѓе во еден момент во затворена просторија.
Кога станува збор за рестораните, таму ќе може само да се купува храна за носење и нема да може да се седи внатре, додава “Reuters”.
Федералната влада сака да им пружи финансиска поддршка на компаниите кои ќе бидат на удар поради затворањето, додавајќи дека овој програм ќе и го презентира на јавноста денеска напладне.
Германците ќе можат да излезат на улица, но само во присуство на членови на своето семејство и евентуално уште една фамилија.
Кој не ги почитува мерките ќе биде казнет, но се уште не се познати детали за казните.
Хотелите ќе можат да примаат гости, но само во посебни слуачи и условот е тоа да не бидат туристи.