Една од жртвите во терористичкиот напад во Виена е од Македонија

Неџип Вренези (21) од Велешта, струшко, е убиен синоќа во Виена во терористичкиот напад. Според членовите на семејството, во моментот тој излегол во кафуле и пиел кафе со пријателите во кобниот момент.

Претходно беше објавена веста дека убиениот напаѓач во Виена е роден во Модлинг, но по потекло е од Челопек во Тетово, Станува збор за К.Ф. (20 години) роден и израснат во Австрија. 

Неговото потекло е потврдено и од министерот за внатрешни работи во Австрија, Карл Нехамер, кој рече дека убиениот напаѓач во Виена е 20-годишник со двојно државјанство, од Австрија и Северна Македонија.Во синоќешниот напад полицијата броеше четири ќртви и повеќе повредени. Засега убиен е еден напаѓач, а неофицијално уште еден е во бегство.

Translate »