ВИДЕО: Нова верзија на филмот „Кум 3“, трејлерот ветува подобар крај од оригиналниот

Трејлерот за новата верзија за филмот „Кум 3“ ветува подобар крај од оригиналното остварување од 1990 година.

За жал, додека првите два дела од „Кум“ од 1972-ра и 1974-та година важат за ремек дела и можеби најдобрите филмови на сите времиња, третиот не остави таков впечаток.

– За оваа верзија направив нов почеток и крај и препакував неколку сцени, кадри и музика. Со овие промени и реставрирањето на сликата и звукот, тоа, според мене, е соодветниот заклучок на првиот и вториот дел од „Кум“, наведе режисерот.

Филмот, како што се наведува, е реставриран во високата 4К резолуција.

Премиерата ќе биде одржана во одредени кина на 4-ти декември оваа година, а потоа ќе биде достапна на „Blu-ray“ и дигиталното издание од 8-ми декември.

Во трејлерот гледаме дека филмот добил и нов назив „The Godfather Coda: The Death of Michael Corleone“, со назнака дека во „остварувањето е вткаен нов живот“, но не ги открива тајните на новиот почеток и крај.

Translate »