МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП ВО ОДБОЈКА: Турција на колена пред нашите!
Одбојката во Македонија е во голем подем. Втор пат во низа популарните „спартанци“ ќе играат на еден голем одбојкарски собир, откако вечерва момците на Матијашевиќ „изгинаа“ во клучниот натпревар против фаворизираната Турција и со победата од 3-1 се пласираа на следното Европско првенство.
На квалификацискиот турнир кој се одржа во Скопје, Македонија запиша три победи и еден пораз и како второпласирана селекција повторно си обезбеди место во европскиот крем. Двапати бевме поуспешни од Босна и Херцеговина, а вечерашниот противник ни го нанесе единствениот пораз. Сепак, и покрај поразот и Турција ќе биде дел од ЕП, затоа што квлификациите ги завршија на првата позиција.
Македонија уште во првиот сет покажа волја и мотив дека нема да ја испушти историската можност и тргна ефикасно во напад и подвижно во одбрана, а тоа веднаш вроди со плод за водство од 1-0 во сетови (25-19). Сепак, во вториот сет фаворитот најде лек за нашата игра и константно си градеше позитива која на крај беше недостижна за Македонија, па резултатот беше израмнет на 1-1.
Но, загубениот сет како да ги налути „спартанците“, па во следните два Турција беше надмудрена и надиграна за ново големо славје на паркетот во „Борис Трајковски“. Во третиот сет до нова предност стигнавме со минимални 25-25, додека во клучниот беше далеку посмирени и поконцентрирани па истиот го добивме со 25-18.
gol.mk