Ангеловски: Во 2020 година имаше најмалку жртви во сообраќајот во историјата на државата

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (29.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 107 возачи, од кои 69 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи за возење без возачка дозвола, четири за возење на нерегистрирано возило…,соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струмица.

„Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.

На територија на Струмица бројот на сообраќајни незгоди во декември е намален за 35 отсто, а во јануари за 46 отсто, додека бројот на сообраќајни незгоди со жртво во јануари е намален за 100 отсто.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

Translate »