„Како да сум голтнала стакло, а телото ми гореше“ – самохрана мајка ги опиша морничавите симптоми на коронавирусот

Мајка на три деца се бори со коронавирусот, а во нејзината исповед опишала какви симптоми имала.

Фотографката Менди Чарлтон (46) рекла дека “имала чувство како целото тело да ѝ е запалено и како да голтнала стакло“.

Почнала да се чувствува лошо кога една од нејзините ќерки дошла дома со симптоми на грип, па претпоставува дека таа ја заразила. Таа раскажала дека во петокот имала температура 39 и дека ѝ била укажана помош, а дека сега се наоѓа во самоизолација и дека консумира парацетамол.

„Имав висока температура, а во грлото имав чувство како да сум голтнала стакло. Спиев околу 20 часа дневно. Имав сува кашлица, а секојпат кога ќе се накашлав ме болеше. Телото ми беше многу жешко – горев целата, станував мокра од пот, тоа беше ужасно. Сум имала грип и претходно, но никогаш ваков“ – раскажала Менди.

„Кога дојдов во болница ми кажаа дека не сум во критична состојба и дека можам да се лечам од дома. Ги прашав како ќе појдам до станот, а тие ми рекоа дека можам да почекам до девет часот за да ми организираат транспорт или пак да замолам некој да ме однесе до дома. Тогаш доживеав паничен напад и благодарна сум му на мојот најдобар пријател кој што дојде по мене“ – рекла таа и додала дека не ги обвинува докторите туку владата.

Таа исто така раскажала дека во болницата владеел општ хаос и дека не ѝ понудиле ниту маска. Вели дека морала да користи облека наместо перница како и дека портирите од болницата ја однеле на снимање.

Translate »